
Нема резултати
Сафије Садики Шаини е универзитетска професорка, пратеничка и моментално Заменик министер за спорт во Владата на Република Северна Македонија.
Родена на 04 мај 1988 год и израсната во Слупчане, таа својата академска кариера ја започнува во Тетовскиот универзитет, каде дипломира како инженер по информатика во 2012 година.
Магистрира во 2017 година во областа на компјутерските науки, со тема за онлајн системи, маркетинг и е-бизнис. Во моментов е кандидат за докторски студии на Универзитетот на Југоисточна Европа, со истражување фокусирано на машинско учење и предвидување на времетраење на објавување на закони во рамки на е-парламент.
Работното искуство го започнува како асистент по информатика на Тетовскиот универзитет (2012–2019), а потоа продолжува на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, каде работи до денес.
Паралелно со академската кариера, таа активно учествува во политичкиот живот. Од 2020 до 2024 година е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Во ноември 2023 година е именувана за координаторка на пратеничката група составена од политичките партии Алтернатива, Демократско движење и Движење Беса.
Сафије течно говори албански, македонски и англиски јазик, а има основно познавање од францускиот јазик.