Министерство

ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ

 

Министерството за спорт е основано во 2024 година, по трансформацијата на поранешната Агенција за млади и спорт, со цел системско унапредување и стратешки развој на спортот.

Во услови на зголемена свест за значењето на физичката активност, здравите животни навики и улогата на спортот во општествениот развој, Министерството има клучна улога во креирањето на одржлив, инклузивен и функционален спортски систем. Преку дефинирање и спроведување на стратегии, грижа за јавниот интерес во спортот и поддршка на спортските субјекти, институцијата активно придонесува кон јакнење на спортската култура и националниот спортски идентитет.

Со фокус на развојот на спортската инфраструктура, Министерството учествува во изградба, опремување и одржување на спортски објекти, создавајќи услови за поширока достапност на спортот за сите граѓани. Истовремено, посветено е на унапредување на квалитетот на спортските услуги преку поддршка на стручниот кадар, верификација на квалификации и поттикнување на континуирана едукација. Особено внимание се посветува на развојот и поддршката на младите талентирани спортисти, како и на создавање средина која ги промовира моралните и етичките вредности во спортот.

Преку зајакнување на механизмите за заштита од дискриминација и говор на омраза, како и преку активна меѓународна соработка, Министерството за спорт се позиционира како модерен и одговорен институционален партнер. Со интегриран пристап и меѓусекторска координација, Министерството работи на унапредување на спортските политики, поддршка на спортските организации и развој на спортот како важен сегмент од општеството.

Министерството за спорт е посветено на создавање достапен, правичен и динамичен спортски систем кој ги поттикнува граѓаните на активен живот, ги поддржува врвните спортски достигнувања и придонесува кон разавој и унапредување на спортот како важен сегмен од општестевниот живот.

Како централно владино тело за развој на спортот, Министерството за спорт е одговорно за :

  • систем, развој и унапредување на спортот и физичката културa;
  • изработка и реализација на стратегии за развој на спортот;
  • јавниот интерес во спортот во надлежност на Републиката во согласност со закон;
  • учество во изградба, опремување, одржување и располагање со спортски објекти и спортска инфраструктура во сопственост на државата;
  • создавање услови за поголема достапност на спортот до сите граѓани;
  • развој на моралните и етичките вредности во спортот;
  • следење, утврдување и поддршка на субјектите во спортот;
  • заштита од дискриминација и говор на омраза врз спортисти, спортски организации и други субјекти од областа на спортот;
  • поддршка на млади талентирани спортисти;
  • верификација на квалификации на стручните кадри во областа на спортот;
  • меѓународна соработка во областа на спортот;
  • надзор во областа на спортот

Мени за пристапност