НАЦИОНАЛНА АНТИДОПИНГ ПРОГРАМА
Светскиот анти-допинг Код бара од спортистите и помошниот спортски персонал да ги знаат и да се усогласат со сите правила усвоени според Кодот (членови 21.1.1 и 21.2.1). Во согласност со член 20.3.13 од Кодот, НАДО МКД е должна да планира, спроведува, оценува и промовира антидопинг едукација во согласност со меѓународните стандарди. Паланот за едукација е клучот за обезбедување унифицирана, координирана и ефикасна борба против допингот во спортот и на меѓународно и на национално ниво (Код, член 18.1).
НАДО МКД од почетокот за придржува на правилото дека е дека првата средба на спортистот со антидопингот треба да ја има преку едукација, а не преку тестирање (допинг контрола), сппред Меѓународен стандард за едукација, член 7.2.1. На национално ниво, антидопинг едукативните програми ги координира НАДО МКД во соработка со надлежните национални спортски федерации, Сојузот на спортски федерации на Република Северна Македонија (ССФ), Националниот Олимпискиот комитет на Северна Македонија (МОК), Параолимпискиот комитет на Северна Македонија (ПОК) и образовните институции. И покрај фактот што ССФ, МОК и ПОК не се директни потписници на Кодексот, како членки на Меѓународните спортски федерации и ИОК, тие се обврзани да постапуваат во согласност со Кодот и релевантните меѓународни стандарди.