Информации од јавен карактер/службено лице

Министерство за спорт

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага Министерството за спорт. Пристапот до информацијата, барателот може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање. Писменото Барање може да се поднесе до Министерството непосредно во архивата; преку пошта на адреса на Министерството (ул.Македонија бр. 38), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: dijana.softovska@ms.gov.mk).

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето. Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно. Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: 

Дијана Софтовска, e-mail: dijana.softovska@ms.gov.mk

 

 

Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер

Баратели на информации - едукативно видео

Eдукативно видео наменето за службените лица кај имателите на информации од јавен карактер

 

Мени за пристапност