Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ врз основа на член 24 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ бр. 08-1673/1 од 29.07.2022 година, го распиша конкурсот за доделување на наградата во 2025 година.
Со државната награда „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во спортот.
Во една година може да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на државата.
Конкурсот трае од 19 мај до 19 јуни 2025 година.