Под покровителство на Министерството за спорт, во Скопје се одржа дводневен едукативен настан „Advanced Sports Nutrition and Supplementation“, посветен на унапредување на знаењето и практиките во спортската нутриција.
Во текот на двата дена, преку стручни предавања, практични работилници и размена на искуства, околу 70 спортски работници и професионални спортисти имаа можност да стекнат нови знаења за современите пристапи во спортската исхрана, суплементација и оптимизација на перформансите.
Предавач на настанот беше реномираниот спортски нутриционист Кристијан Маргарит, кој преку своето долгогодишно искуство и експертиза сподели значајни практични совети и современи пристапи од областа на спортската нутриција.
На огромно задоволство, особено нè радуваше големиот интерес кај младите спортисти, кои имаа можност да добијат практични совети и директно да комуницираат со предавачот, кој се доближи до младите и несебично го сподели своето искуство и знаење.
Продолжуваме да инвестираме во едукација, развој и создавање подобри услови за спортот и спортистите.