Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го отвори спортско рекреативниот центар „Драго Маневски“.
Во рамките на овој спортско рекреативниот центар во општина Илинден, изградено е повеќенаменско игралиште, атлетска патека и трибина и уреден е просторот за спорт и рекреација на граѓаните.
- Ние како Министерство за спорт секогаш ќе се залагаме за здрав живот и за подобрување на условите за спорт и рекреација на граѓаните, особени на младите. Министерството за спорт секогаш ќе биде тука да ги поддржи проектите на локалната самоупрва и вложувањата во младите, во иднината и во спортот – истакна министерот Борко Ристовски.
На свечено отворање на спортско рекреативен центар во општина Илинден покрај министерот Борко Ристовски и градоначалникот Александар Георгиевски, присуствуваа и пратениците Драган Ковачки, Драгана Бојковска и Марија Петрушевска.