Министерот за спорт Борко Ристовски од 23 до 27 септември ќе престојува во официјална посета на Азербејџан, каде што ќе оствари билатерална средба со министерот за млади и спорт Фарид Гајибов.
Централен настан на посетата ќе биде потпишувањето Меморандум за разбирање меѓу двете министерства, со кој се отвора нова рамка за соработка во спортот, размена на експертиза и спортски кадри, спортска медицина, организација на спортски настани, спортски туризам и соработка меѓу националните спортски организации.