EN
MK
AL

Нема резултати

Награда од 1,5 милиони денари за младинскиот тим на РК Еурофарм Пелистер за пласманот на Ф4 во Лигата на шампионите

Награда од 1,5 милиони денари за младинскиот тим на РК Еурофарм Пелистер за пласманот на Ф4 во Лигата на шампионите

Министерството за спорт донесе одлука да ја награди младинската ракометна екипа на РК Еурофарм Пелистер, со парична награда од 1,5 милиони денари за пласманот на завршниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Келн.

Министерот за спорт Борко Ристовски нагласувајќи дека младите се иднината на спортот, посочи дека оваа награда е признание за извонредниот успех што го постигнаа младите ракометари на битолскиот клуб и поттик за уште поголеми успеси во иднина.

Младинскиот тим на РК Еурофарм Пелистер го освои првото место на четвртфиналниот турнир во Букурешт и на Ф4 во Келн ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите заедно со ГОГ Гудме, Барселона и Веспрем.

Во полуфиналето што ќе се одигра на 14 јуни  во Дормаген, РК Еурофарм Пелистер ќе се сретне со ГОГ Гудме.

Мени за пристапност