Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

- После субвенциите од  358.000.000 денари, дополнително ќе бидат исплатени уште 80.000.000 денари како директна поддршка за македонскиот спорт. Ја разбирам целокупната ситуција во спортот и затоа Министерството за спорт од сопствени средства, обезбеди дополнителни 80.000.000, за помош на сите спортски колективи . Најголем дел од тие средства, околу 30.000.000 денари ќе бидат наменети за помош на ракометот - изјави Ристовски.

Дополнителни средства за клубовите и спортистите се очекуваат во јуни и јули кога ќе има ребаланс на буџетот.

Мени за пристапност