Заврши Европската недела на спортот 2025 - Ристовски: Ваквите настани ги инспирираат младите да бидат активни

Заврши Европската недела на спортот 2025 - Ристовски: Ваквите настани ги инспирираат младите да бидат активни

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршната спортска манифестација во Охрид, со која беше заокружена Европската недела на спортот 2025 – проект што го реализира Министерството за спорт во рамките на најголемата европска иницијатива за промоција на спортот и активниот начин на живот.

Заедно со учесниците и посетителите, министерот Ристовски активно се вклучи во дел од програмските активности, истакнувајќи ја важноста на спортот и здравиот начин на живот.

-Ваквите иницијативи ја промовираат културата на спорт и ги инспирираат младите да бидат активни, да бидат посветени на спортот и да негуваат позитивни вредности  - порача министерот Ристовски.

Со одржувањето на Европската недела на спортот 2025, реализирана преку бројни спортско-рекреативни активности во повеќе градови, Македонија се приклучи во одбележувањето на 10-годишниот јубилеј од започнувањето на оваа најголема европска спортска кампања.

Европската недела на спортот (EWoS) е иницијатива на Европската комисија со цел да ја поттикне физичката активност, рекреацијата и здравиот начин на живот кај граѓаните од сите возрасти. 

Мени за пристапност