Нема резултати
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го отвори спортско рекреативниот центар „Драго Маневски“
Традиционалната манифестација „Спортист на годината“ оваа година одбележува 70-годишен јубилеј.
инистерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денеска го означи отпочнувањето на изградбата на новото мултифункционалното игралиште во Петровец.
Борко Ристовски
Борко Ристовски е истакнат македонски ракометар и спортски менаџер. Тој е роден на 2 ноември 1982 година.
Ристовски кариерата ја започнува како ракометар во РК Југ Скопје (1998/1999) и РК Македонија Скопје (1999/2000), пред да се приклучи на РК Вардар. Во РК Вардар Скопје, пак, тој ја гради својата кариера како голман во периодите 2001/2002-2002/2003, 2010/2011, како и 2019/2020-2022/2023, постигнувајќи значајни успеси.
Неговиот меѓународен успех го води во клубови како SD Tecro Понтеведра, CB Algeciras во Шпанија, Металург Скопје, Vfl Gummersbach во Германија, Al Ahly во Египет, US Creteil во Франција, Rhein-Neckar Lowen во Германија, Barcelona во Шпанија, Benfica во Португалија, и TBV Lemgo во Германија. Во секој од овие клубови, Ристовски покажува исклучителни вештини, освојувајќи бројни титули и признанија.
Светскиот анти-допинг Код бара од спортистите и помошниот спортски персонал да ги знаат и да се усогласат со сите правила усвоени според Кодот (членови 21.1.1 и 21.2.1). Во согласност со член 20.3.13 од Кодот, НАДО МКД е должна да планира, спроведува, оценува и промовира антидопинг едукација во согласност со меѓународните стандарди. Планот за едукација е клучот за обезбедување унифицирана, координирана и ефикасна борба против допингот во спортот и на меѓународно и на национално ниво (Код, член 18.1).