EN
MK
AL

Нема резултати

Министерството за спорт покровител на настапот на македонските претставници на светската и на европската гимназијада во Златибор, Србија

Министерството за спорт покровител на настапот на македонските претставници на светската и на европската гимназијада во Златибор, Србија

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со стручниот тим и со дел од младите спортисти што ќе ја претставуваат Македонија на Светската и на Европската Гимназијада за основни и средни училишта, што ќе се одржи од 4 до 14 април 2025 година во Златибор, Србија.

Ристовски им посака успешен настап на претстојната Гимназијада истакнувајќи дека младите спортисти секогаш ќе ја имаат поддршката од Министерството за спорт.

-На нашите млади спортисти им посакувам да имаат успешен настап и силен мотив да го дадат својот максимум и со гордост да ја претставуваат Македонија на претстојната Гимназијада во Златибор. Министерството за спорт секогаш ќе биде на страната на спортот и ќе дава поддршка за младите таленти, бидејќи тие се иднината на македонскиот спорт – рече министерот Борко Ристовски.

Настапот на младите македонски спортисти на Гимназијадата на Златибор е под покровителство на Министерството за спорт во соработка со Сојузот на спортски федерации на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Македонските спортисти ќе настапат во следните спортови:

Кошарка (машки тим – Европска Гимназијада за средни училишта)

Одбојка (машки и женски тим – Европска Гимназијада за средни училишта)

Атлетика (Светска Гимназијада за основни училишта)

Пинг-понг (Светска Гимназијада за основни училишта)

На Гимназијадата во Златибор се очекува да настапат над 4000 спортисти од 55 земји.

 

Мени за пристапност