EN
MK
AL

Нема резултати

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ И МВР ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ И МВР ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Министерот за спорт Борко Ристовски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете министерства, потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на и досега одличната соработката на уште повисоко ниво.


Овој Меморандум за соработка се однесува за работи од заеднички интерес базирани на искористување на стручно-научните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности.


Министерството за спорт и Министерството за внатрешни работи со Меморандумот ја продлабочуваат соработката која опфаќа: заемна размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес; cтручна, научна и техничка поддршка во изготвување експертски анализи; консултативни активности; формирање експертски тимови за изработка на научно-истражувачки и апликативни проекти; вклучување во проектни активности од заемен интерec; организирање заеднички проекти и други научно-истражувачки активности, конференции, трибини, симпозиуми, семинари, работилници, летни школи; грижа за постојната и проширување на спортската инфраструктура преку изградба на нови спортски капацитети; осовременување на пристапот заради системско комплементирање на спортот во рамки на македонската полиција, како и поддршка за вработување на спортистите во полицијата.


Двајцата министри истакнаа дека спортот и физичката подготвеност е во директна поврзаност со успешното извршување на задачите на полициските службеници, а со тоа и чување на безбедноста на граѓаните.

Мени за пристапност