Граѓаните од општина Кисела Вода и пред сѐ учениците од ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ добија современо уреден простор опремен со ново мултифункционално игралиште со трибина и детско катче за најмладите.
Ова е уште еден од проектите на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура низ целата држава, реализиран во соработка со локалната власт.
Кога институциите соработуваат, граѓаните добиваат квалитетна и функционална спортска инфраструктура, беше истакнато на пуштањето во употреба на новото мултифункционално игралиште на кое присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
-Ова е игралиште е уште едно во низата спортски игралишта што се изградени низ цела Македонија сѐ со цел да привлечеме да спортуваат што е можно повеќе млади и деца. Македонија мора да биде поубаво место за живеење – истакна министерот Борко Ристовски.
Новото мултифункционално игралиште првенствено е наменето за учениците од ОУ „Невена Георгиева-Дуња“, но ќе биде отворено и за сите жители на општината кои сакаат да спортуваат и да бидат активни.
Министерството за спорт продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура.
Здрави деца, активна младина, меѓуинституционална соработка – тоа е нашата визија!