Регионален спортски самит „Скопје 2025“ - Спортот како национален идентитет и визија за иднината

Регионален спортски самит „Скопје 2025“ - Спортот како национален идентитет и визија за иднината

На 10 септември 2025 година, Скопје ќе биде домаќин на првиот Регионален спортски самит кој ќе се одржи под покровителство на Министерството за спорт, под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“.

Овој значаен настан ќе ги обедини највисоките носители на спортските политики од регионот, меѓу кои министрите за спорт на Република Србија, Зоран Гајиќ, на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, како и домаќинот, министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски. Во рамки на Самитот ќе се обратат и спортските легенди Горан Пандев и Предраг Мијатовиќ.

Преку панел-дискусии, работилници и сесии за вмрежување, учесниците – министри, спортски федерации, клубови, бизнис лидери, академии, медиуми и визионери – ќе имаат можност да иницираат конкретни проекти и партнерства за унапредување на спортот, промоција на здравиот начин на живот и градење одржливи општества.

На отворањето на Самитот воведно обраќање ќе имаат министерот Борко Ристовски и вицепремиерот Љупчо Димовски, а Горан Пандев ќе ги поздрави присутните со инспиративна мотивациска приказна.

Панел-дискусии

Во рамки на Самитот предвидени се девет панели:

-Како спортот ја обликува иднината на Балканот: Преку соработка до успех

Панелисти: Борко Ристовски (Македонија), Зоран Гајиќ (Србија), Драгослав Шќекиќ (Црна Гора).

-Менаџирање и инвестиции во спортот

Панелисти: Михајло Михајовски (РК Вардар), Жељко Танасковиќ (СД Партизан), Предраг Мијатовиќ (ФК Партизан), Масар Омерагиќ (ФФМ), Зоран Стерјов (РК Пелистер).

-Спонзорства во спортот: Како до профитабилни партнерства

Панелисти: Марко Лопачиќ (Мтел), Марјан Манчев (С Лизинг), Сашо Наумоски (Витаминка), Томислав Главчев (КФМ), Александар Стефанов (РФМ), Гордана Кочоска Димитриеска (Министерство за финансии), Ирена Јакимовска (Комфи Ангел).

-Спортска инфраструктура и развој

Панелисти: Борко Ристовски (министер за спорт), Орце Ѓорѓиевски (ЗЕЛС), Масар Омерагиќ (ФФМ), Леонид Јандреоски (ФФМ), Кирил Пецаков (градоначалник на Охрид), Гордана Нацева (поранешна ракометарка).

-Искуства на успешни спортисти: Патот до врвот

Панелисти: Бобан Илиоски, Горан Пандев, Индира Кастратовиќ, Дарко Панчев, Мила Релјиќ, Предраг Мијатовиќ, Шабан Трстена.

-Новото време на спортот: Спортска дипломатија, развој, маркетинг и медиуми

Панелисти: Агим Ибраими (спортски амбасадор), Михалис Рокас (амбасадор на ЕУ), Игор Стефановски – Иџе (професионален возач), Рафаел Сориано Ориз (амбасадор на Шпанија), Горан Антевски (новинар), Златко Андоновски (портпарол на ФФМ).

-Медицината како темел на спортските успеси

Панелисти: Светозан Антовски (декан), Лазар Тодоровиќ (доктор), Јасмина Плунчевиќ (спортска медицина), Серјожа Гонтјарев, Ленче Алексовска Величковска (спортски психолог).

-Младински спорт и развој на таленти

Панелисти: Елена Мицковска (Федерација за училиштен спорт), Жељко Танасковиќ (Светска федерација на училишни спортови), Кирил Калеников (ОФМ), Мила Релјиќ, Александра Дичовска (ЕУ спортови), Лино Червар (ракометен тренер), Горан Ѓоргоновски (проект „Ракомет за секое дете“).

-Национална стратегија за развој на спортот 2025–2028

Панелисти: Борко Ристовски (министер за спорт), Масар Омерагиќ (ФФМ), Александар Стефанов (РФМ), Петар Јовановски (ОФМ), Томислав Главчев (КФМ).

Со организацијата на првиот Регионален спортски самит, Македонија ја зајакнува својата улога како лидер во регионалната спортска соработка и ја потврдува својата визија за градење одржлива спортска иднина.

Мени за пристапност