Пуштен во употреба уште еден уреден спортски центар на Кејот на Вардар

Пуштен во употреба уште еден уреден спортски центар на Кејот на Вардар

Граѓаните на Скопје добија уште еден уреден спортски простор на Кејот на Вардар. Министерот Борко Ристовски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар во Маџир Маало, Општина Центар.

На местото на стариот руиниран терен сега е изградено современо повеќенаменско игралиште за фудбал и ракомет и терен за кошарка со современа полипропиленска подлога.

- Овој простор ќе биде ново место за спорт, рекреација и дружење за сите генерации – за младите, за спортистите, но и за сите граѓани кои сакаат активен и здрав живот. Продолжуваме со инвестиции во спортската инфраструктура низ целата држава, затоа што нашата цел е јасна – спортот да биде достапен за сите, во секоја општина – истакна Ристовски.

Со овој проект, локалните жители, но и сите спортисти и рекреативци добиваат  уште еден современо уреден спортски центар покрај Кејот на Вардар, откако претходно беше реконструиран и пуштен во употреба и комплексот игралишта кај Луна Паркот.

Ова е дел од континуираните инвестиции на Министерството за спортво развојот на спортската инфраструктура низ целата држава со цел спортот и активниот начин на живот да биде достапен за сите. 

Мени за пристапност